Српскиот актер Андрија Кузмановиќ на битолската премиера на Сенките над Балканот

0
228

После прикажувањето на фестивалите во Сараево и Ниш, серијата Сенките над Балканот беше прикажана во Битола како дел од 38-от Браќа Манаки.

Помеѓу екипата која беше присутна на премиерата како режисерот и актерот Драган Бјелогрлиќ, продуцентот Томи Салковски, актерите Јана Стојановска, Никола Ристановски, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Петар Арсовски, беа и српските актери Марија Бергман и Андрија Кузмановиќ.

За Кузмановиќ кој со Бјелогрлиќ работеше и на филмот Монтевидео, секогаш е задоволство кога доаѓа во Македонија посебно што ја смета како втора татковина после Србија.

-Со македонските колеги имавме одлична соработка и со задоволство повторно би работел со нив-истакна Кузмановиќ.

 

Без коментари