Српскиот глумец Милорад Мандиќ Манда починал за време на претстава

0
1040

Познатиот српски глумец Милорад Мандиќ Манда починал попладнево на бина среде премиерата на детската претстава „Петар Пан“ во театарот „Вук Караџиќ“.

„Претставата почна нормално и сè беше во ред во првите 15 минути, а потоа на сцената излезе Манда во улога на Капетанот Кука и одеднаш падна на подот. Ние мислевме дека сето тоа е дел од претставата, а потоа во салата се вклучија светлата и сфативме дека нешто не е во ред“, рекла за српски Блиц жена што со децата била на премиерата.

Збунетата публика сè уште не сфатила што се случува кога сопругата на Мандиќ потрчала од публиката кон бината.

„Завесата веднаш се спушти и нè замолија сите да излеземе од салата, а наскоро стигна и брзата помош“, раскажуваат гледачите.

Екипата за брза помош интервенирала на самото место, но реанимацијата не успеала и глумецот починал.

www.mkd.mk