Српскиот претседател Николиќ во посета на Битола

0
2319

Претседателот на Србија Томислав Николиќ кој престојува во Македонија по повод одбележување на 100 годишнината од битката на Кајмакчелан, денеска во Посета на Битола.Положи цвеќе на Српските воени гробишта во Битола, каде што се погребани 1.321 српски војник од Балканската и Првата светска војна.

nikolic-0Со Николиќ е и претседателот на Република Српска Милорад Додик и министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ, кои се дел од делегацијата на претседателот, како и амбасадори на државите сојузници од Првата светска војна во Македонија и претставници на Здружението на Србите во Македонија.Средбата на двајцата престедатели се одржува во хотелот Епинал во Битола.

nikolic-1

„Денес имавме јубилеј кој се одбележува еднаш во 100 години, а воедно се заблагодаруваме што овозможивте да положиме венци на Споменикот и воените гробиштата во Битола.Договорите за соработка за кои денес разговаравме сигурно ќе им ги дадеме на Владите на двете држави за да ги реализираат во целост.Ќе ги решиме заеднички одредени проблеми , каков што е проблемот со мигрантите. За жал кој е во ЕУ добива поголема поддршка, а кој не е има помала помош. Неприфатливо е Европа да ги затвора своите граници, а ние да останеме отворени, дури неприфатливо е Европа на половина Европа да ги штити своите граници, и таа тоа треба да го прави на својот почеток, изјави Томислав Николиќ претседател на Србија

nikolic-3

„Ние настојуваме со сите наши соседи да градиме добрососедски односи. Оваа посета посветена на 100 годишнината од битката на Кајмакчалан, исто како и со претходните прослави кај Забрњак и за Свети Сава покажаа како Република Македонија сака да ги гради односите со своите соседи, и затоа очекуваме и Република Србија да излезе во пресрет на оние одбележувања на настани кои ние ги имаме, а се на територијата на Србија. Сметаме дека со склучувањето на билатералниот договор за заштита на културно-историските споменици ќе биде овозможено и гарантирано правото на негување, чување и чествување на културните наследства, традиции и настани од историско значење на двете страни“, истакна претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

nikolic-8

Претходно на Кајмакчална местото каде во Првата светска војна пред 100 години загинале 4.600 српски воници  положија цвеќе на спомен костурницата на врвот Свети Илија. На планината Ниџе на македонско-грчката граница медиумите јавија дека пристигнал  со хеликоптер.Српскиот претседател вчера беше во посета на Грција. Тој во Солун се сретна со претставници на локалната власти и ги посети сојузничките гробишта „Зејтинлик“ и Светогорскиот центар.

„Трагедијата во која ние помогнавме како вистински соседи беше одговор на вашето пријателство и помош кога вие први помогнавте во Обреновац. Живееме на Балканот, некои од Балканот се одделија како европјани, а нам ни го оставија просторот кој сега го нарекуваат Западен Балкан, а се простира до Босна и Херцеговина. Наше е да работиме за нашите држави се уредуваат согласно европските правила бидејќи тоа е добро за граѓаните“, рече претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ.

„Ние како претседатели не можеме да ја менуваме историјата, но можеме да ја менуваме сегашноста и иднината, а нашата заедничка иднина е остварување на нашите стратешки цели кои се идентични за двете земји и затоа успорувањето на процесот на евроинтеграциите на нашиот регион го сметаме на нешто што влијае врз онаа сила и енергија што ги трансформира нашите општества. Ние сме блокирани во тој процес, а Србија напредува. Нам ни е скратена таа енергија бидејќи сме блокирани и сѐ уште немаме добиено датум за да ги почнеме преговорите за евроинтеграциите, но сите ние што живееме на Балканот мора да ја гледаме големата слика и да помагаме цел Балкан да напредува бидејќи е од заеднички интерес“, нагласи Иванов

nikolic-10

Во меѓувреме и неколку партииски реакциите околу посетата на Николиќ, а директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов смета дека нема ништо спорно во тоа да се дозволи српскиот претседател Томислав Николиќ да присуствува на комеморација на битката на Кајмакчалан од Првата светска војна, но прашањето е зошто нема реципроцитет меѓу државите во однос на такви настани, притоа мислејќи на манастирот Прохор Пчински.