Српските тимови за помош за поплавените подрачја ќе останат десет дена

0
561

Дополнителни сили и опрема од Министерството за внатрешни работи на Србија се пратени во Македонија како помош за санација на последиците од поплавите предизивкани од обилните врнежи, соопшти српското МВР.

Оттаму се испратени 27 припадници на МВР од Секторот за вонредни ситуации од Белград, Јагодина и Крушевац, со 20 пумпи за испумпување на вода и дополнителна опрема.

Во Македонија претходно се дојдени повеќе теренски возила и камиони со неопходна опрема и пумпи, како и дваесетина пожарникари. Веднаш по доаѓањето во Црешево, тие биле ангажирани за заштита и спасување на жителите, како и за санација на теренот и црпење на водата.