Српското Собрание не избра нов претседател

0
445

Новиот состав на српското Народно собрание не успеа да избере претседател. Седницата на Собранието синоќа беше прекината за време на дебатата околу изборот на Маја Гојковиќ за претседател на Парламентот. Таа е членка на владејачката Српска напредна партија и ја извршуваше функцијата и во претходниот парламентарен состав.