Срце како мраз на Марија Груевска

0
732

Марија Груевска е релативно ново музичко име на нашата естрада, но судејќи по нејзините гласовни способности, нејзиното време допрва доаѓа.

Таа пред неколку дена го заврши снимањето на нејзината прва песна со наслов „Срце како мраз“, на која како автор на музиката се потпишува познатата пејачка Тамара Тодевска, текстот е на Ксенија Николова, а пак, аранжманот е дело на Роберт Билбилов.

За брзо време песната ќе добие и видеоспот.