ССНМ со Колективен договор за медиумската индустрија

0
640

Заради, како што рекоа екплоатирање на вработените во медиумската индустрија, кои не се само новинари туку и уредници, фоторепортери, сниматели, монтажери ,тонци и други стручни лица како и самите сопственици на медиуми, независниот синдикат на новинари и медиумски работници организираше трибина на која го претстави нацрт колективниот договор кој треба да ги побри состојбите во медиумската индустрија.

tamara-

Тамара Чаусисдис вели дека иако договорт изгледа максималистички согласно условите во кои работиме се таму ни изгледа како луксуз за дописниците предвидуваат тарифник со минимален хонорар.

kolektiven-dogovor-

Колективниот Договор бил во функција на вработените во медиумите, но и на сопствениците на медиумите, односно работодавачите. Договорот трабa да го регулира статусот на самиот медиумски работник, правото на годишен одмор, празнично работење, во викенд, сменско работење и слично, со што сопствениците ќе биле чисти пред Државата, очекувам, рече Чаусидис, сопствениците на медиуми во Битола да го потпишат Колективниот Договор.

Чаусисдис додаде дека сменското работење ќе се регулира, правото на годишен одмор.

Синдикат не е само првомајски протест, каранфили и делење канти сирење, јајца за ССНМ со Колективен договор за медиумската индустрија Велигден и батаци за Бајрам, ние синдикалаизмот го разбираме како постојана борба за подобри услови за работа, повискои плати, и достоинство и респект на медиумот кои функционираат секаде во Европа, за која сите се изјаснуваат дека ни е единствената цел .

20151024_123846-1-e1445703747232-1024x576

Вистински газди и сопственици ќе прават висок профит од квалитетни медиумски производи, а тоа се добива со добро платени новинари и медиумски работници, кои даваат максимум и се кретивни, прават еклсузивни и квалитетни медиумски производи и стануваат конкурентни на пазарат- тоа е стадардот за добивка за сите, за кој се бориме и ни треба вашата поддршка порача потпретседателот на ССНМ Драган Антоновски.

Колективен Договор за работниците во медиумската индустрија е донесен во Словенија (1991), во Хрватска (1996), додека во другите држави членки на ЕУ ваквиот документ е традиција и практика од поодамна.