Стабилно и сончево време

0
452

Уште денеска на територијата на Македонија ќе се задржи стабилно, сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, но долж Повардарието на моменти засилен северен ветер.

Утринските температури се движат од минус 4 до плус 3 Целзиусови степени, додека максималните дневни ќе се движат во распонот меѓу 7 степени во Маврово и 18 степени во јужните делови од земјата.

Во понеделник попладне ќе има локален слаб дожд, а од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд. Дневната температура до вторник ќе биде во пораст./крај/ухмр/мф