Стабилно и суво, по котлините магливо

0
410

Времето во поголемиот дел од земјата ќе биде стабилно и суво, со релативно високи температури и ветер од променлив правец. Во одделни котлини можна е појава на магла.

Утринските температури -4 Берово, -3 Тетово, -2 Скопје-З.Рид, Струмица, Прилеп, Маврово, Виница, Охрид, Битола, -1 Скопје -Петровец., Кр. Паланка, 0 Претор, Лазарополе, 1 Куманово,  Кавадарци, Крушево, Д. Капија, 2 Штип, 5 Гевгелија, 7 Дојран.

Утре ќе биде малку до умерено облачно, претпладне со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот како  и во четврток умерен северен ветер, кој ќе предизвика намалување на условите за појава на магла по котлините.  Во наредните денови дневните температури ќе опаднат и во останатите места.