Стандард и Пурс и го намали кредитниот рејтинг на ЕУ

0
235

Кредитната агенција од Вол Стрит „Стандард и Пурс“ и го намали кредитниот рејтинг на Европската унија поради загриженоста околу единсвото на Унијата откако Британија се изјасни за излегување од ЕУ. Некои евроскептични партии во Европа ја поздравија ваквата одлука на Британија и побараа референдуми за излегување на нивните земји од Унијата. Европската унија сега има кредитен рејтинг „АА“, а претходно имаше „АА+“. Во оваа година Германија, Франција и Британија заедно учествуваа со 50 насто во заедничкиот буџет на ЕУ.