Станојевиќ е прескап, Пелистер го тестира Граб

0
347

Пелистер не пронајде заеднички јазик со српскиот интернационалец Станојевиќ, па сега ќе го тестира интернационалецот од БиХ, Марио Граб. Тој е искусен ракометар кој што игра на позицијата десен бек. Граб настапуваше за Босна и Козара, а сега е слободен ракометар. Тој треба да одработи неколку тренинзи и веројатно ќе одигра тест натпревар за неколку дена. До сега Пелистер со новата амбициозна управа доведе шест нови имиња: Игор Арсиќ, Петар Топиќ, Кире Митревски, Никола Даниловски, Андреј Маркудов и Борјан Маџовски. Со доведувањето на десен бек ќе се заокружи реновирањето на играчкиот кадар.