Станојковиќ повика двајца битолчани за двомечот со Чешка

0
208

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Вујадин Станојковиќ го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните два контролни натпревари против Чешка. Повикани се двајца битолчани, најдобриот стрелец во лигата на постари пионери Боба Здравевски од Пелистер и Кристијан Трапановски, кој настапува за Академија Пандев. Двете контролни пресметки ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во комплексот „Куќа на фудбалот” на 12 и 14 мај со почеток од 16:30 часот. Селекторот Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:
Христијан Стевковски (ФК Скопје), Благојче Иванов (ФК Металург)

ОДБРАНА:
Тодор Тодороски (ФК Металург), Михаил Маневски (ФК Акад. Пандев), Андреј Кировски (ФК Вардар), Антонио Митрев (ФК Металург), Кирил Ристовски (ФК Работнички), Мерис Факиќ

СРЕДИНА:
Јани Атанасов (ФК Акад. Пандев), Енис Фазлагиќ (Фудбалска Академија на ФФМ Скопје), Христијан Делевски (ФК Акад. Пандев), Ељиф Елмиз (ФК Работнички), Филип Стојчевски (ФК Металург), Васко Трајков (ФК Акда. Пандев), Кристијан Трапановски (ФК Акад.Пандев), Филип Јовановски (ФК Металург)

НАПАД:
Димитар Митровски (ФК Ханза Росток), Аздрен Мена (ФК Хајдук Сплит), Бобан Здравевски (ФК Пелистер), Борче Ласков (ФК Брегалница)