Стапува на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот

0
439
Од денеска стапува на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот според кој низ населено место не смее да вози над 50 километри на час.
Ако возите 50 километри на час повеќе од дозволеното, ќе може да бирате: или казна од 400 евра или 65 негативни бодови, но ќе останете и без возачка дозвола од 6 до 12 месеци.

Ако направите судар, прво европски записник потпишан, па  потоа автомобилите ќе се отсранат од патот.
До 12 часа во полиција ќе има опција да се задржи возачот поради пијанство, ако нема кој друг да вози, а автомобилот ќе биде отсранет, на сметка на возачот.
Велосипедистите се должни да имаат бело светло од предната страна, катадиоптер со црвена боја или рефлектирачка лента на задната страна. Носењето кацига или рефлектирачки елек е препорачливо, но не и казниво.

Без коментари

LEAVE A REPLY