Стариџ во последната минута ја израдува Англија

0
406

Фудбалерите на Англија со пресврт дојдоа до првата победа на европскиот шампионат во Франција, во мечот од второто коло во групата Б против селекцијата на соседот Велс, со головите постигнати во второто полувреме од резервистите Стариџ и Варди.

Дуелот меѓу Англија и Велс (2-1) беше уште еден во кој фаворизираната репрезентација, во случајот англиската, мораше до последните моменти да стравува дали ќе ги освои сите три бода, или дефанзивно ориентираниот аутсајдер, во овој меч Велс, ќе успее да се одбрани и да освои бод кој на Велшаните ќе им ги подотвореше портите за минување на групната фаза од турнирот. Меѓутоа, потегот кој англискиот селектор Рој Хоџсон го презема на полувремето се покажа исправен за неговиот тим кој на полувремето замина со резултатско заостанување.

Англија сега е на врвот од табелата во Групата А со четири бодови, еден повеќе од Велс и од Словачка, додека Русија е последна со само еден бод.