Старо купува, старо продава

0
3474

Кој поминал на Широк Сокак , сигурно ја забележал тезгата со антиквитети на 87 годишниот чичко Петар. И во зима и во лето тој е пред својата тезга веќе10 години. Предводен од љубовта кон колекционерството, навиката на неговиот татко калајџија да собира стари котлиња, тави , ќумови, авани и тенџериња, како и да го помогне економски своето семејство, го натерале да почне да продава стари работи. Повозрасните пак сигурно го паметат и како професор по физичко воспитание

-Татко ми беше калајџија, учев занает кај него, откако почина дома имавме тенџериња, ќумови, авани па ги зедов еден ден предметите на пазар да ги продадам. Првиот ден со продадени неколку ќумови и две тави, заработив 4000 динари. И од тогаш па до денес продавам стари работи. Могу сум задоволен со продажбата, бидејќи јас сум пензионер, а издржувам 6 члено семејство и не стига пензијата, вака си заработувам плус, изјави Петар Димитровски, сопственик и продавач на тезгата со антиквитети на Широк Сокак.

Со годините луѓето научиле за неговата колекционерска желба и сами му носеле работи кои не ги употребуваат повеќе. Од нив ги купува а сега ги продава со минимална заработувачка. Вели дека интерес има. Некогаш се информираат за предметите што се, од каде се, за што се и како функционираат, а некогаш и купуваат. Но купувачи од земјава нема.

-Ова е еден вид лотарија, кога има кога нема муштерии.Заработувам по 300, 400, 500 денари , зависи од денот. Битолчани ми ги носат предметите, а пак туристите ги купуваат. Најмногу ми купуваат Грците, бидејќи тие се и најчести туристи кај нас, а купуваат и Србите и Турците, купуваат и туристи од Холандија кои што дошле да ја разгледаат Битола, додава Димитровски

На неговата тезга денеска имаше книжни и метални стари пари,кутии за накит, рачни часовници, будилници, рачно изработени милеа, вазни, ламба на газија од 80 тите години, свештарници, земјени тенџериња и тави, фенери, пегли, јамболии, гомблени, волнени калчуни, јамболии, и македонски носии од мариовскиот крај. Ни раскажа и нас за дел од предметите што него му оставиле впечаток.

Ги продава предметите за кои смета дека имаат непроценлива вредност .Вели дека сега младите почнале да ја ценат вредноста на старите предмети.Досега немал проблем со инспекциите бидејќи си го регулирал продавањето преку месечна такса во износ од 4000 денари.