Старото ама вредно на изложба во Битола

0
1003

Страст што бара посветеност, страст преточена во колекционерство, голема желба што бара време и ве плени, љубов кон автомобилите, олдтајмерите немаат цена, вака ни рекоа сопствениците на олдтајмери кои се собраа околу 40 тина на изложбата во Битола. Најстариот автомобил на изложбата беше Вилус џип уште од Втората светска војна , а АРМ го добила како донација од Америчката армија, ни раскажа сопственикот на овај олдтајмер

oldtajmer 1

Големо внимание кај присутните привлече и кадилакот Елдорадо 77 , а е во сопственост на наш сограѓанин кој што живее во Америка. За кадилакот во Македонија се грижел негов пријател

oldtajmer 7

Изложбата на олдтајмери во Битола се одржа по пети пат а во организација на олдтајмер клубот „Retro Freaks” од Битола.Прво на учество за изложбата имаат сите автомобили кои што се постари од 35 години.

oldtajmer 3

Која е магијата на еден олдтајмер?

oldtajmer 8

Клубот „Retro Freaks” е олдтајмер клуб на сопственици и љубители на стари возила: олдтајмери, јангтајмери, custom преработки итн.

oldtajmer 9

Формиран е во 2012 година во Битола и засега брои повеќе членови од Битола и други македонски градови.