Старото градско јадро на Битола – заштитена зона

0
333

Старото градско јадро ќе се прогласи за заштитна зона. Вo самиот предлог закон кој денеска е на прво читање пред пратениците се дадени и границите кои ќе се опфатат во Битола. Битолските пратеници со предлог за подобрување на овај предлог закон

LILJANA
„Старата чаршија, Широк Сокак , Дрвен Пазар и Булевар тоа се четирите зони во предлог законот , но ние се надеваме дека до второто читање ќе влијаеме и за подобрување на овој текст со цел да се намали усложеноста во процедурата на поквалитетна урбанизација односно заштита на сите објекти“, изјави Лилјана Кузмановска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
sobranie-na-rmПричината поради која што денеска овој предлог закон се најде пред пратениците е тоа што Старото градско јадро на Битола претставува своевидна реткост и непресушен резервоар од разновидни културни, историски, уметнички, научни, технички и други општествени значења, карактеристични за еден подолг период, од XV век до денес, вели Кузмановска и додава дека Старото градсо јадро било предмет на воларизација пред 38 години .
Инаку Старото градско јадро на Битола го стекнало статусот на споменик на културата во согласност со Законот за заштита на спомениците на културата од 1973 година и со решение на Заводот за заштита на спомениците на културата – Битола, во 1977 година, било ставено под посебна заштита на државата.