Старт со пораз и лоши вибрации на Пелистер во пелагониското дерби

0
230

Прилеп – Пелистер 26.21 (9:9)

Во пелагониското дерби од новата Супер лига,  Пелистер и покрај повисоките амбиции и буџет, загуби во Прилеп со 26:21 (9:9) Почетокот на натпреварот им припадна на ракометарите од Битола, кои по првите 6-7 минути имаа +3. Сепак домаќините во централниот дел од првото полувреме го изедначија резултатот на 6:6, а и прв пат поведоа во 28 минута (9:8).  Во вториот дел како да играше само екипата на Томче Петрески. Постојани Прилеп имаше 2-3 голови предност. Екипата на Николовски последниот обид да се доближи го имаше во 36 минута, кога за последен пат го изедначи резултатот на 11:11. Прилепчани со цврстата одбрана се одлепија до 22:17и лесно стигнаа до финална победа од 26:21. Во наредното коло Пелистер го пречекува тимот на Пролет, в сабота од 19:30 часот, во меч во кој клубот ќе прославува 60 години ракомет во Битола, а навиваќката група „Чкембари„ ќе го одбележи јубилејот, три децении постоење.

Без коментари

LEAVE A REPLY