Стартува откупот на тутунот

0
422

Се е подготвено за откупот на тутунот од годинашнава реколта. Заверени се и подигнати мострите, а деветте откупувачи во земјава имаат банкарски гаранции дека ќе го платат откупениот род и може уште утре да почнат со откуп, вели Кире Неделковски, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Годинава родот е помал, но е далеку поквалитетен и Неделковски очекува да се постигне повисока цена.
– Поради сушата и проблемите при расадувањето на тутунот пролетта, родот годинава е помал, но е многу квалитетен. Очекуваме род од 22 000 тони, а откупувачите во земјава имаат планирано да откупат 26 000 тони. Тоа значи дека ќе има побарувачка за тутунот и тутунарите треба да постигнат повисоки цени, вели Неделковски.
Од Приелпскиот тутунски комбинат потврдуваат дека се подготвени за почетокот на откупот на тутунот и пунктовите ќе ги отворат на 16 ноември.