Стартуваше велосипедската тура „Тур де Галичица“

0
829

Четвртата велосипедска тура „Тур де Галичица“, на која ќе учествуваат околу 250 рекреативци од Македонија, утрово стартуваше од градскиот плоштад „Цар Самоил“ во Ресен. Велосипедската рекреативна тура ќе се вози низ падините на Националниот парк Галичица, во вкупна должина од 71 километар.

Новина, како што најави организаторот, Велосипедскиот клуб „Преспа Бајк“, е планинарската тура до највисокиот врв на планината Галичица, Магаро на 2.255 метри надморска височина.

„Тур де Галичица“ оваа година се организира по четвртти пат и покрај дружењето и рекреацијата, основна цел на настанот е да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Преспа во функција на развој на туризмот во ова подрачје.