Ставревски со неговиот тим доаѓа во Битола

0
775

-Со огромно задоволство би сакал да ги поканам сите граѓани на општина Битола на вечерашната трибина со која ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува праксата заедно и непосредно со сите граѓани да ја пишува новата изборна програма.

Огромната доверба која нашата партија ја има кај народот е заслужена со многу работа и исполнети ветувања. ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 10 години практикува во центарот на политичкото дејствување да ја става довербата на граѓаните а тоа значи одлуките за сите важни прашања да ги носат тие, затоа што граѓаните најдобро ги знаат проблемите но најдобро ги знаат и решенијата.

ВМРО-ДПМНЕ има формирано тим од домашни и од странски стручни лица кои ќе работат на предизборната програма и кои внимателно ќе ги анализираат прибраните идеи од граѓаните. Сите идеи кои што се издржани, обмислени и реално остварливи ќе бидат избрани и реализирани, изјави Борче Димитровски ВМРО-ДПМНЕ