Ставревски за топлификацијата на општините во Пелагонија

0
433
апиталниот проект за изградба на топлификациски систем од  РЕК   со сите претпоставки- топлински, еколошки, земјоделски и економски,пред се, ги подгреа надежите, дека конечно ќе се оствари сонот на тукашното население, да се искористат топлите води  од термоелектраните за поефтино греење.
-На тој начин сметам дека го решаваме проблемот и за снабдување со топлинска енергија по цена што, според проекциите што ги има ЕЛЕМ, ќе биде за 20% пониска од онаа што е во Скопје. Очекувам дека тоа ќе наиде на интерес кај граѓаните во Битола, а понатака и со проектот за гасификација, во втората фаза која што ќе биде од Штип преку Прилеп до Битола, очекувам да донесеме уште една алтернатива- рече вицепремиерот Зоран Ставревски при синоќешната посета во Новаци.
Во РЕК “Битола“ извршени се подготвителни зафати за искористување на топлата вода, а со тендерска постапка во ЕЛЕМ, ќе се реализираат и останатите проектни зафати.
-Имаме веќе направено две одземања од двата блокови, така да, постојано дванесет месеци РЕК “Битола“ е спремен да испорачува пареа- рече Јовко Крстевски, генерален директор на РЕК “Битола“.