Стечај во Трикотажата Пелистер

0
167

Уште една стечајна постапка на стопански капацитет од Битола.
Како што велат од судот во Битола, кај нив заведен е предмет за стечај по барање на Трикотажата Пелистер. На 18 мај оваа година донесено е решение за поведување претходна постапка. На 27-ми истиот месец усвоен е предлогот за отворање на стечајна постапка со решение и закажано е испитно рочиште кое треба да се одржи на 10 Јули оваа година.