Стеф Kaри го откажа настапот на ЛОИ во Рио

0
448

Двократниот МВП во НБА лигата, Стеф Кари, нема да биде во составот на репрезентацијата на САД која ќе настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

„По многу размислување и неколку дискусии со семејството и мојот клуб, решив да го повлечам моето име од репрезентативниот список пред ОИ во Бразил. Моите искуства во репрезентацијата на САД се сјајни. Многу научив и уживав и поради тоа оваа одлука е тешко донесена. Неколку фактори влијаеа на донесувањето на оваа одлука, тука се вклучени и повредата на зглобот и коленото и верувам дека ова е најдобро за мојата кариера“, стои во соопштението на Кари.

Стеф Кари со репрезентацијата на САД освои два златни медали на Светските првенства во 2010 и 2014 година.