Стефан Савиќ сака во Милан, а не во Англија!

0
591

Црногорскиот интернационалец од редовите на Фиорентина, Стефан Савиќ со задоволство ќе прифати трансфер во Милан, барем според неговиот агент. Жарко Пеличиќ, агентот на Савиќ изјавил дека дефанзивецот, кој е трансфер цел на неколку големи клубови ширум Европа, преферира да игра на Сан Сиро и да стане дел од „росонерите“. „Стефан би сакал да премине во Милан, но нема да исклучам трансфер и во некој друг голем клуб, бидејќи неговиот трансфер не зависи само од нас, голема улога ќе игра и Фиорентина“, истакнал Пеличиќ за локалните медиуми од Милано. Савиќ, кој го напушти Манчестер Сити во 2012 и премина во Фиорентина, минатата сезона настапи на 29 меча за тимот од Фиренца, кој заврши како четвртопласиран во Серие А.