Стефанија Милевска за Ретро-перспектива

0
299

На 30-ти октомври, ќе се одржи промоцијата на првиот музички албум на Стефанија Милевска со наслов Ретро-Перспектива.

– Настан кој има да каже многу, ќе пренесе силна мисла и ќе освести во вас многу емотивни теми. Ќе ве разбуди и потсети на вистинските вредности, на хуманост, љубов и среќа-истакнува Милевска.
Присутните ќе имаат можност да ја чујат студиската верзија на рефрените- Ајде летај бато,далеку од мене, Од овој сон , сон , разбудиме, Безнадежен, заврти се , Ќе направам јас се да биде само мој , Секој од нас да подари малку љубов, Sun rises and shines into your mind.


Сето ова ќе биде пренесено на повеќе начини: преку говорот на телото , преку гестикулација или превод на знаковен јазик и преку новите видео записи, затоа што оваа музика има за цел да допре до сите срца.
Специјални гости ќе бидат децата со оштетен слух и говор од Заводот за рехабилитација – Битола.
Промоцијата има турнеја низ Македонија, која започнува со Битола, па продолжува во Охрид, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Штип, Велес, а завршува со две промоции во Скопје.