Стефановски победи на Охридскиот маратон

0
569

Легендата на македонското маратонски пливање Томи Стефановски на најдобар можен начин, со триумф на 30-от јубилеен Охридски маратон, стави крај на својата пливачка кариера.

Стефановски во повеќе од драматичен финиш стигна до победата, за дел од секундата стигнувајќи на целта пред минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев, кој на 200 метри пред финишот беше во водство. Но, Поп Ацев промаши една контролна бова, пливајќи надвор од патеката, па на крајот од трката, според правилата, мораше да се врати повторно во вода и да го доплива маратонот на регуларен начин.

Во женска конкуренција, победничка на годинашното издание е Украинката Олга Козидјук. На маратонот во Охрид учествуваа 18 пливачи во машка и во женска конкуренција. за вкупен награден фонд од 10.000 долари.