Стејт департмент: Главни проблеми во Македонија се корупцијата и непочитување на владеењето на правото

0
194

Лани најзначајните проблеми со човековите права во Македонија биле „значителните нивоа на корупција” и „неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото”, пишува вонајновиот извештај на Стејт департментот за почитувањето на човековите права во светот.

Во извештајот за 2014 пишува дека правосудниот систем во земјата се карактеризира со политичко мешање, неефикасност и фаворизирање на етаблирани лица. Освен тоа, во извештајот се наведува и физичкотоо малтретирање на приведени и затворени лица од страна на полицијата, дискриминирање на Ромите и другите етнички малцинства, социјална дискриминација против сексуалните малцинства и детски труд.

„Владата преземала некои потези за казнување полицајци кои употребиле прекумерна сила, но и натаму неказнувањето останува да биде проблем“, пишува во извештајот.

Во редовниот годишен извештај на Стејт департментот за човековите права во светот пишува и за проблемите со слободата на медиумите во Македонија за кои пишува дека постојат владини „континуирани напори за ограничување“. „Поединците и организациите, кои навидум се блиски до актуелната влада, се сопственици на повеќето главни медиуми, а исклучително е ограничен бројот на независни медиуми кои активно изразуваат разновидност на гледишта, без ограничување. Медиумите се претежно поделени долж етнички и политички линии“, пишува во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Македонија.