Стек од коњ и од бизон јаделе во УБК и БЈБ

0
4662

Нови фактури на кои се гледа како се хранеле функционерите од УБК и БЈБ во изминатите десет години денеска обелодени министерот Оливер Спасовски на денешниот брифинг.

Како што можеа да забележат новинарите од приложените сметки, во овие институции се трошело на разни “гоштевања“ и специјалитети.

Вработени во МВР во рестораните каде ручале нарачувале равиоли со фазан што чинат 1.200 денари, дивеч во ловечки сос што чини, исто така, 1.200 денари, бифтек од дивеч што чини 5.000 денари, потоа карпачо од коњ 2.000 денари, стек од бизон 5.900 денари и стек од коњ 4.500 денари.

Јаделе и елен во сос од вргањ што чини 1.200 денари. Сметката што ја направиле за еден ручек или вечера е 38.350 денари.

www.faktor.mk

 

Без коментари