Стенд ап настап на Никола Тодороски во Битола

0
197

Охридскиот актер Никола Тодороски, одржа стенд ап настан во Бар чаршија.
Со овој кафе бар старата чаршија во Битола, во полн сјај се навраќа на своето минато. Сметен во дворот и дел од влезот на ан, што во минатото постоел на ова место, Бар чаршија вдахнува живот во чаршијата и привлекува со концепт што е поинаков од многу кафе барови во Битола. Покрај многубројните музички настани, промоции на книги и слично, стенд ап настапот на Тодороски, беше вистински погодок.
Битолската публика за Никола е една од оние, кои точно знаат што сакаат и што не, па предизвик е и самиот настап пред неа.
Многубојните присутни на настанот, тој ги воодушеви со новиот материјал.
Самата локација на Бар чаршија, што е далеку од љубопитните очи на минувачите, им дзволи на сопствениците да си поиграат со уредувањето и да вметнат стари предмети и многу зеленило. Со добра организација за краток период успеаа да создадат простор со автентична атмосфера, кој е скриен од секојдневните случувања и од динамичниот центар на Битола.
Никола Тодороски во Битола е чест гостин, а освен со стенд ап настапите, тој игра и во најновата претстава во битолскиот театар, со наслов Тајното оружје, во режија на Ненад Витанов.