Стење е подготвено за туристичката сезона

0
1232

Природните и културните убавини на Стење, Преспа и Преспанското Езеро се надалеку познати.

Изминатиов период беа започнати проекти и активности за уредување на вкупно 600 метри плажи на Преспанското Езеро. Помеѓу нив и плажата Стење .Ова прекрасно место е целосно уредено и спремно за дочек на туристите.

Во богатата понуда на ова место свечено беше отворен клуб ресторанот Делириум.

Проектите за уредување на плажите опфаќаа содржини кои се во согласност со највисоките туристички стандарди, со цел овие плажи да бидат атрактивни локации во текот на туристичката сезона.

Гостите ги забавуваше Миле Кузмановски кој упати и свои честитки по повод отварањето на овој ресторан.

Заради попријатен престој на плажата, тука има и посебно партерно уреден простор, со ниско и високо зеленило, клупи, лежалки и друга урбана опрема.

Посебно внимание се посвети на тоа да не биде нарушен еко-интегритетот на околината, односно флората и фауната во непосредната близина на плажите.

Со отварањето на оваа плажа и овој клуб, се е подготвено за пречек на првите туристи во текот на туристичка сезона.

Без коментари

LEAVE A REPLY