Степановски со прашање до Петровска

0
1337

-На 15 октомври граѓаните на Битола требаше да се изјаснуваат и на референдум за мигрантите, но владеачката хунта на СДС најде начин да им го забрани тоа право.

Се прашуваме – дали токму ветената послушност и соработка  во врска со плановите на Заев за населување мигранти  во Битола, беше пресудна  што во конкуренција на многу други посериозни и поиздржани кандидати, СДС во Битола доби кандидатка за градоначалничка со сомнителна компетентност ?

Се прашуваме – дали  послушната кандидатка на Заев и СДС во Битола е компромисното решение, откако другите поинудени кандидати одбија да прифатат соработка  на штета на својот град во врска со плановите за  доселување  мигранти  во Битола?

Ја повикуваме кандидатката да одоговори – дали е соучесник во пеколниот план на Заев за увоз на нови жители во Битола и дали можеби заедно со него планираат да ги избркаат странските инвеститори од  Индустриската зона Жабени и да ја пренаменат маркицата за прифатен центар за мигранти ?, изјави Горан Степановски, кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

 

Без коментари