„Стево Патако„ за прв пат ќе игра во Купот на шампионите!

0
259

Бордот на Европската шаховска унија пред неколку месеци донесе одлука организатор на Европскиот клупски куп во шах во 2015 година да биде Скопје, поточно општината Карпош, а во техничка организација на ШК „Гамбит Асеко Сее„. На ЕКК се очекува да настапат над 550 шахисти од 70 клуба, а Македонија ќе биде претставена со три екипи („Алкалоид„ „Гамбит Асеко Сее„ и „Стево Патако„ од Битола). За прв пат битолскиот шаховски клуб ќе игра Куп на шампиони. Во минатото во најсилниот европски Куп, Битола ја претставувале са ракометарите на Пелистер. Пред 4 неколку години Охрид беше домаќин на ЕКК, а во 2001 година во Охрид беше организирано и Второто Европско поединечно првенство. Скопје во далечната 1972 година беше домаќин и на јубилејната 20 Шаховска олимпијада за мажи и 5 за жени, која и до денес се смета за една од најдобро организираните во нејзината досегашна историја.