Стилистот на Шерон Стоун во Битола

0
3660

„Прв пат сум во Македонија, видов многу убави жени и за мене ќе биде многу лесно да бидам успешен во една толку убава земја“, вака рече Nico Baggio еден од најпознатите италјански мејк- ап артисти на првиот официјален мејк- ап семинар кој што се одржа во Битола. Организатори на семинар беа Диксон, Кармен Ексклузив и Макси Ексклузив.

niko baggo 1

-Од македоснките жени сум вчудоневиден , од нивниот длабок поглед од нивната харизма , а исто така сметам дека балканските жени може слободно да влезат во светот на модата. Пример денешниот наш модел може слободно да учествува на ревиите во Милано, изјави Nico Baggio, мејк-ап артист

niko baggo 2
Пред камерата на ТЕРА ни ја раскажа својата приказна. Вели дека имал динамично минато. Освен што е професионален  мејк-ап артист, работел со познати имиња од светот на модата во Милано, Париз, Русија и Кина, работел и како костимограф и сценарист во познати филмови a повеќе пати бил вклучен за филмскиот фестивал во Венеција како шминкер на познати глумци

niko baggo 3

-5 години работев на филмскиот фестивал а ги шминкав Мишел Фајфер, Моника Белучи, Шерон Стоун и многу други. Работев за сите ревии, бидејќи кога почнав со оваа работа во Италија не постоеа мејкап артисти. Бевме 5 до 6 момчиња и работевсме на сите ревии  кои се одржуваа во Милано . Мора да напоменам дека во 80 тите навистина постоеа топ модели. Имав среќа да ги шминкам овие големи ѕвезди, додаде Nico Baggio

На семинарот беа присутни голем број на стилисти како од Битола така и од повеќе градови од државава

niko baggo 6
-Самиот негов концепт кој го има да ни го пренеси тука е единствен и уникатен од проста причина што таа негова работа, тој принцип на негово креирање е сеуште непознат за нас , го немме видено на овие простори, изјави Игор Горко стилист

Nico Baggio во Битола ја промовираше својата школа за гламурот и својата линија за шминка Face
-Школата за мејк-ап ќе биде важна за Македонија. Нема да зборуваме само за шминката туку за целиот изглед , бидејќи фризер е онај кој што се занимава со естетика, не само во Македонија туку насекаде во светот. Фризерот треба да биде советник за изглед. Затоа ќе зборуваме за косата,изгледот, за додатоците, се она што е дел од светот на убавината, додаде Nico Baggio

sminka 7

Застапник на линијата за шминка „Face“ на Nico Baggio е Макси Ексклузив.