Стинг доаѓа во Скопје

0
554

Во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th” по повод истоимениот албум, на 15 октомври во арената „Борис Трајковски” во Скопје, концерт ќе одржи едно од најголемите светски музички имиња на сите времиња Стинг.

Стинг заедно со Ролинг стоунс, Брус Спрингстин, Ју ту, Депеш мод, Колдплеј…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.

Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти.

Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.

На оваа турнеја, Стинг свири неколку песни од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Lineup-от на неговиот придружен состав е како и секогаш со најпознати и најквалитетни светски музичари: Доминик Милер (гитара), Џош Фрис (тапани), Руфус Милер (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на Стинг, ќе настапи и Џо Самер.