Сточарите во паника, млекарниците претпазливи!

0
1450

Додека Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека вакцините против болеста „јазлеста кожа“, расте бројот на заболени животни, а сточарите се во паника. Освен што стравуваат дека оваа болест ќе им го уништи добитокот, дел од фармерите од источниот регион од земјава во текот на вчерашниот ден алармираа дека млекарите што откупуваат млеко во тој регион имале забрана да го откупуваат млекото и на оние сточари кои немаат заболени говеда и оти забраната била во радиус од неколку километри од местата каде што болеста била лоцирана. Инаку болеста е регистрирана во источниот регион, меѓутоа не во сите делови од регионот.

Од  Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека млекото може да се откупува само ако е од фарми каде нема заболени говеда.

-Млекото кое го произведуваат сточарите, може да се предава за преработка само доколку потекнува од фарми каде не е детектиерана болеста Чвореста кожа кај говедата и тоа исклучиво во регионални млекарници, во регионите каде е потврдена болеста, под надзор на ветеринарните инспектори, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

www.faktor.mk