Сточарска фарма изгоре во Змирнево

0
382

POZARNA INTERVENCII 1 28 MI

Изминатиов викенд битолската противпожарна единица во Битола интервенирала седум пат од кои пет само вчера. Според командирот на битолската пожарна не станувало збор за сериозни пожари, односно запалена сува трева, ѓубришта и слични работи од помал обем, но вчера во селото Змирнево избил пожар на сточарска фарма каде изгорела голема количина на сточна храна, сено и слама, изгореле и два коњи и причинета била голема материјална штета. Според Поповски, пожарот е ставен под конторла и нема човечки жртви, дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот.