Столтенберг имал сообраќајна несреќа во Варшава (Видео)

0
280

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа доживеал сообраќајна несреќа во Варшава, но како што пренесуваат локалните медиуми, тој не е повреден.

Според информациите од „ТВХ 24“, несреќата се случила кога полициското возило што ја предводело колоната со Столтенберг се судрило со камион, пренесува „Индекс.хр“.
Четворица луѓе се повредени и се пренесени во болница, а според информациите на странските медиуми, Столтенберг не е меѓу нив.

Порталот „Индекс“ пренесе сведочења на свои читатели кои се затекле на местото на несреќата наведувајќи дека се повредени луѓе од придружбата на генералниот секретар на алијансата и пешаци, а барем на две возила е предизвикана материјална штета.

Генералниот секератр на НАТО допатувал во Полска за да го посети баталјонот на алијансата под американска команда во таа земја.

http://makfax.com.mk

 

Без коментари