Столтенберг повика на ратификација на приемот на Црна Гора во НАТО

0
216

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер ги повика земјата членки да го ратификуваат договорот за пристапувањето на Црна Гора во овој воен сојуз, пренесува Euronews.

„Парламентите одлучуваат кој ќе постане членка на НАТО. И знаете дека сега сме во процесот на проширување на НАТО со новата членка Црна Гора“, рекол Столтенбер на Парламентарното собрание на НАТО во Истанбул.

Протоколот за пристапувањето на Црна Гора во НАТО досега го ратификуваа 13 земји – Исланд, Словенија, Унгарија, Словачка, Бугарија, Албанија, Полска, Турција, Романија, Летонија, Велика Британија, Литванија и Естонија.

Кога сите 28 членки на Северноатланскиот сојуз ќе го ратификуваат договорот, Црна Гора формално ќе стане полноправна членка на НАТО, а според најавите ова би можело да се случи до крајот на првата половина од 2017-та година.