Стоп за насилството врз жената- дебата во Битола

0
998

За дискриминацијата на жената , за родовата неееднаквост , за женските права- ова беа темите за кои што денеска младите битолчани имаа можност да да слушнат на  дебата „ Стави точка на сите форми на насилство врз жени и девојчиња! Целта на дебатата е да се подигне свеста и да се покрене акција против семејното насилство како грубо кршење на основното човеково право, од што на светско ниво страда секоја терета жена

– Состојбата е лоша,многу малку од семејно насилство се пријавува, голем број на жртвите се одлучуваат да премолчат, а родовотио насилство не е проблем кое штро треба да се чува во 4 ѕида, изјави Ана Јовквска модератор

Важна е превенцијата и едукацијата , додава Јовковска

Националните статистики покажуваат зголемување на бројот на пријавени случаи на семејно насилство и случаи во кои како жртви од насилство и други кривични дела се јавуваат жени и девојчиња. Во Република Македонија од 802 новопријавени случаи на семејно насилство од јануари до септември 2015 година, 587 (73,2%) се жени или зголемен процент пријавувања во споредба со истиот период минатата година.

-Некои глобалбни статистики покажуваат дека во следните 15 години 15,5 милиони девојчиња ќе бидат омажени уште како деца без нивна согласност. Се покажува дека треба да почекаме 75 години за деа се изедначи платата меќу мажите и жените, тоа значи дека за исти теруд женитре се помалку платени од мажите, додаде Јовковска

Кампањата трае 16 дена и започнува со Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените и ќе трае до 10-ти декември – Меѓународниот ден на човековите права.