Стотина маскирани тепале мигранти по Стокхолм

0
373

Стотина маскирани луѓе, со црни качулки на главите, во петок навечер се движеле по главната улица за шетање во Стокхолм, тепале мигранти, извикувале пароли против нив и делеле летоци со кои повикувале на нетрпеливост кон бегалците, кои во Шведска ги има најмногу.

 Полицијата го зајакна присуството во центарот на градот, распореди специјалци и пушти хеликоптери да надлетуваат, откако дозна дека екстремисти планираат да напаѓаат малолетни мигранти без придружба.

“Поминував и видов поголема група маскирани момчиња облечени во црно како тепаат странци. Видов како малтретираат тројца луѓе“, вели еден очевидец за „Aftonbladet”.

Портпаролот на полицијата Тове Хаг, рече дека немало пријави за напади, но дека еден 46-годишен е задржан во полиција откако нападнал полицајци во цивил.

Уште тројца се накратко приведени поради нарушување ред и мир, а едно лице е осомничено за носење нож.

Стотина луѓе, со прекриени лица оделе синоќа по главното шеталиште до плоштадот Сергелс, кој е популарно собиралиште за младите, но и за мигрантите, а тие се намерачиле на луѓе со поинаков изглед.

Некои портали блиски со неонацистичкото движење СМР, пишуваат дека насилниците се навивачи на фудбалските клубови АИК и Ѓургарден.

Шведска меѓу членките на ЕУ е земја со најголем број бегалци по глава на жител, но во последниот период најави дека ќе протера илјадници луѓе за да се избори со големиот прилив./крај/тл/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY