Стотина параглајдери го обоија небото над Битола

0
1165

Околу стотина параглајдеристи го украсија вчера небото над Битола.

Вчера попладне небото над Битола беше украсено од стотина параглајдеристи кои од западниот дел над Битола преку средишниот,  се спуштаа кон Пелагониската котлина.

Дел од нив останаа подолго време над самиот град, а оние кои ги забележаа уживаа во нивните летачки перформанси.

Во неколку групи во период од околу час и половина ја надлетуваа Битола.

Параглајдеристите кои што вчера летаа над Битола беа дел од  четиринаесеттиот европски шампионат во параглајдерство.

Шампионатот  се одржува на Мечкин Камен во Крушево, во периодот од 10-20 август, а  учествуваат вкупно 30 репрезентации.

Крушево продолжува да ги привлекува љубителите на алтернативните спортови и да претставуваа пожелна дестинација на сите кои сакаат да уживаат во овие спортови.Видеото е аматерско и со дозвола земено од битолчанецот Перица Поповски