Стотици Австријци тргнале со автомобили по емигрантите во Унгарија

0
380

Конвој од 140 автомобили бил снимен како тргнува од Виена кон унгарската граница за да ги пренесат бегалците до прифатните центри во Австрија.

Како што пренесува Ројтерс, овие луѓе ризикуваат кршење на законите за шверц на луѓе, односно трафикинг, на што полицијата ги предупредила. Сепак, на улиците на Виена можеле да се видат полицајци кои го обезбедуваат нивното движење, но не ги сопираат.

На паркингот непосредно пред тргнувањето бил развеан транспарент на кој пишувало: „Бегалски конвој, добредојдовте!“

Проблемот со превозот на бегалците бил повторно актуелизиран откако шефот на унгарската полиција Карол Пап кажал дека нема да име повеќе автобуси за префрлање на емигрантите кон австриската граница, а околу 200 бегалци тргнале пеш кон Австрија.

Без коментари

LEAVE A REPLY