Стотици бугари и оддадоа почит на Мара Бунева на кејот на Вардар

0
607
Со бугарски песни, знамиња но и панихида во црквата Св Димитрија неколку стотици бугарски државјани кои дојдоа со автобуси ја одбележаа 88 годишнината од смртта на контраверзната историска личност Мара Бунева и нејзиното дело. Говорејќи за делата меѓу другото упатија и политички пораки . Велат личностите од историјата не треба да влијаат врз односите на двете земји бидејќи тука не гледаат спор.
“Денес во Р.Македонија има луѓе кои себе си се нарекуваат Македонци. И ние го почитуваме тоа . Ние ќе го браниме нивното право да се нарекуваат онака како што сакаат. Ние со нив спор немаме.Нашите спорови се други.Нашите спорови се на северот од Македонија, на запад од Македонија нашите спорови се на југот од Македонија. Ние во Македонија и со Македонија спор немаме. Да не говориме дека веројатно три четвртини од луѓето кои се тука се со пасоши од Р.Бугарија и имаат свои корени од денешната Р.Македонија. Да не говориме дека најголемиот македонски град во никој случај не е Скопје најголем македонски град е Софија”, додаде Ангел Џамбазки.
На одбележувањето на годишнината покрај тоа што присуствуваа бугарски државјани и нивни претставници во земјава почит на Бунева дојде да и одаде и како што се претстави правнука на Кузман Шапкарев.
“Моите роднини по секоја линија се од македонскиот крај. Едните се од Штип другите од Охрид. Јас сум правнука на Кузман Шапкарев и нашата историја не е поврзана директно со Скопје но Мара Бунева и нејзиното дело засекогаш ќе остане како најсвтол дел бугарската историја . И се поклонувам пред спомен плочата” – кажа Шапкарева.
Одбележувањето на смртта на Бунева и оваа година помина со големо полициско обезбедување но за разлика од минатите години годинава помина мирно и без инциденти.
Бунева во историјата е позната по атентатот кој го извршила врз српскиот државен обвинител Владимир Прелиќ на кејот на Вардар кај камениот мост во Скопје а потоа и сама се застрерала за да не падне во рацете на окупаторските власти.