Стотици евакуирани од Сиднеј поради силна бура

0
841

Поради поплавите предизвикани од силните бури некои области на австралиската метропола Сиднеј во неделата се евакуирани, соопштија властите, а на брегот северно од Сиднеј измерен е бран висок 13 метри.
Силниот ветар и обилните врнежи од саботата утрото го зафатија брегот на Сиднеј, поради што 500 луѓе биле принудени да ги напуштат домовите и да побараат засолниште, објави полицијата.

Службата за вонредни состојби примила повеќе од 5.500 повици за помош во сојузната држава Нов Јужен Велс, а властите извршиле 105 операции на спасување на жителите од поплавените области. Половината од спасените жители биле мотористи кои заглавиле на поплавените патишта.

Сиднејските сообраќајни служби соопштија дека невремето предизвикало доцнења и откажувања на железничките и автобуските линии.

Повеќе од 28.500 домови и деловни објекти останале без електрична енергија, соопштија операторите со електрична енергија „Ausgrid“ и „Endeavour“.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видео снимки од плимата, разбранувано море, силен ветер, ерозија на почвата и поплавени улици на Сиднеј.