Стотици илјади во Хавана му оддаваат почит на Кастро

0
190

Стотици илјади кубанци му оддаваат почит на нивниот долгогодишен лидер Фидел Кастро кој почина во саботата на 90 годишна возраст. Дводневното збогување во кубанскиот главен град Хавана почна вчера каде што долги редици луѓе чекаа со часови да му оддадат почит на нивниот лидер. Повеќето од нив извикуваа „Вива Фидел“. Кастро официјално се повлече од политиката во 2006 година поради здравствени причини, оставајќи со земјата да владее неговиот брат Раул. Многу странски лидери се очекува да присуствуваат на погребот на Кастро. Меѓу оние кои нема да присуствуваат се американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин. Во Куба е прогласена дветдневна жалост.

 

http://www.slobodnaevropa.mk/