Стотици мачиња во анти-терористички напад на Твитер

0
291

Синоќа, додека траеше анти-терористичката операција на белгиската полиција во Брисел, стотици мачиња синоќа тргнаа во анти-терористички напад со хаштагот #BrusselsLockDown на Твитер, објави Нова тв.

Хаштагот #BrusselsLockDown се појави на Твитер во саботата кога властите одлучија да воведат највисок степен на аларм во Брисел. Трговските центри, јавниот транспорт, концертите, спортските натпревари и сите други места каде што има многу луѓе беа затворени. Полицијата побара од граѓаните да останат дома предупредувајќи дека се очекува терористички напад и дека влегува во акција за да го спречи и да ги уапси тие што тоа го планираат.

Вчера попладне белгиските безбедносни сили почнаа со претреси на повеќе места низ Брисел во потрага по повеќе лица кои планирале терористички напад. На споменатиот хаштаг жителите на Брисел почнаа на информираат на кои места низ градот се спрема акција. Соочена со морето информации на Твитер, полицијата испрати барање твитерџиите прекинат да даваат информации за операцијата и да не ги предупредуваат можните терористи што се случува.

На ова, Бриселчаните одговорија со стотици слики на мачиња.

Еве мал дел од мачињата кои имаа за цел да ги збунат лицата по кои трага полицијата. Не се знае дали терористите навистина беа збунети но мачињата ја релаксираа напната атмосфера во градот.