Стотици мигранти од Африка доаѓаат во Европа преку Медитеранот

0
545

Стотици илјади Африканци се подготвуваат да ја пробаат својата среќа и да се упатат кон Европа преку Медитеранот со подобрувањето на временските услови со што би се зголемил и бројот на смртни случаи, пишува германскиот весник „Шпигл“.

Како што се затвораат рутите, како таа преку Балканот, мигрантите најдуваат нови патишта додека на криумчарите не им е проблем да се прилагодат на промените на патот и да наплатат пари за префрлање во Европа иако не гарантираат безбедност.

Почнале да го рекламираат нивниот бизнис, а имаат и групи и страници на социјалните мрежи, пишува весникот.

Поради високите цени на картите, мигрантите пронашле друг начин да стигнат до Европа, да се натоварат во неопремен чамец, а штом ќе излезат на 12 наутички милји од територијалните води на Либија, да пратат СОС повик, којшто европските служби имаат должност да го испочитуваат и сите загрозени да ги префрлат на безбедно, односно во Европа.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц предупреди на ваквата пракса неколку пати нарекувајќи ја „евтина карта за Европа“.

Тој на минатонеделниот состанок во Луксембург заговараше поостра контрола на морето и и понуди на Либија помош за формирање на крајбрежна стража која ќе ги спречува мигрантите слободно да испловат.

На афричкиот континент живеат 1,2 милијарди луѓе, а бидејќи овој број, според проценките, до 2050 година ќе се дуплира, може да се очекува уште поголем бегалски бран во Европа.

На удар најмногу ќе биде Италија, чии капацитети за прием на мигранти се одамна надминати, наведува весникот. Италијанскиот премиер, Матео Ренци неколку пати ги предупреди европските сојузници на тој притисок, истакнувајќи дека тој проблем мора да се реши што побрзо.