Стотици загинати во монсунските дождови во Азија

0
202

Стотици луѓе ги загубија животите а милиони се евакуирани како последица на монсунските дождови коишто ја зафатија Азија, од што повеќе од сто во Индија, пренесуваат во понеделникот агенциите.

Индиските власта објавија дека последните седмици повеќе од 120 луѓе загинале во обилните дождови кои однеле уште 116 животи во соседен Пакистан, а во Мјанмар во понеделникот спасувачките служби се обидуваат да стигнат до областите кои неколку дена се отсечени од остатокот на светот.

Обилните врнежи предизвикани од циклонот Комен кој го погоди источниот брег на Индија, поплавија делови од индиските сојузни држава Западен Бенгал, Одиша и Манипур. Во извештајот се додава дека поради овие најтешки поплави во последните четири години своите домови морале да ги напуштат околу 200 илјади луѓе.

Во Индија сезоната на монсунските дождови трае од јуни до септември и се важни за тамошното земјоделие, но честопати имаат штетни последици врз милиони луѓе поради уништување на жетвата, домовите, загадувањето на водите поради што се шират болести. Во Индија и во Пакистан поплавите и лизгањето на земјиштето секоја година ја следат сезоната на монсуните.