Странските медиуми за поплавите во Тетово

0
1539

Четири лица, вклучувајќи и седумгодишно дете загинаа откако поројни дождови предизвикаа поплави и свлечишта во Македонија. Уште дузина други се повредени, но нивната состојба е стабилна. Ова го пренесува Еуроњуз, известувајќи за штетите и жртвите кои ги предизвика невремето во Тетово. ENИ другите светски медиуми ја прикажуваат страотната слика која ја остави невремето во Тетово. BBCББС пренесува за жртвите и повредените, а ја пренесуваат и изјавата на градоначалничката Теута Арифи која рекла дека вакво невреме немало последните 30 години. Екипоте за спасување се уште ги бараат исчезнатите лица, вклучувајќи и 6-годишно девојче. ББС пренесува дека над 200 куќи се оштетени, но и неколку патишта, мостови и возила. За поплавите во тетовско пренесуваат и агенциите, а веста е актуелна и на другата страна од Атлантикот, пренесена од usnews.com. Веста е актуелна и на интернет страниците и агенциите од регионот, па така веста е објавена на српските, хрватските, босанските, црногорските, турските, бугарските интернет страни.